Тренингот за тоалет треба да започне уште првиот ден кога кученцето ќе пристигне во Вашиот дом. На почеток е навистина потребно да не го тргате погледот од него за да ги забележите знаците кога на кученцето му се оди во тоалет. Најчесто кученцето има потреба да оди во тоалет по будење или по јадење и пиење вода. Вие ќе треба да го придружувате надвор така што кученцето ќе направи асоцијација на одење во тоалет со одење надвор.

Како да го научите
Ваша задача е да се сетите и на други моменти кога на Вашето куче му се одело во тоалет во минатото, како однесување покажува со тоа што ќе ги препознаете овие знаци вие може да предвидите кога Вашето куче ќе има потреба да оди во тоалет и да го одведете надвор. Бидете трпеливи бидејќи за ова треба време. Кога ќе видите дека Вашето куче се упатува кон надвор наградете го со пофалба “браво” или наградете го со грицки. На овој начин тоа брзо ќе сфати дека за одењето во толает надвор ќе добие позитивен третман. Кучињата сакаат да не задоволат а наше е да им покажеме како точно да го сторат тоа.

Наоѓање решенија
Ако живеете во стан и не можете секогаш да излегувате надвор најдете дел во станот каде што ќе ставите весници или апсорбирачки крпи. Бидете спремни да ги менувате ако е потребно и повеќе пати. Ако Вашето кученце згреши и тоа го направи внатре во станот или на пат кон надвор, исчистете по него без да кажете ниту збор. Кученцето е сеуште мало и ќе прави грешки како и малите деца и негативниот тренинг во оваа рана фаза не е продуктивен.

Ова се само некои од повеќето од методите како да го научите Вашето куче за во тоалет кои што ние ги нудиме.