Кога ново куче влегува во Вашиот дом многу чест бихевиорален проблем кој се јавува е да си игра преку гризење. Кучињата кои што вака си играат можат да повредат луѓе – за малите кученца знаеме дека имаат остри заби како иглички додека пак големите кучиња кои играат на ваков начин не само што можат да ги исплашат сопствениците туку и да ги повредат.Кучето кое што игра преку гризење сака да воспостави игра но често сопственикот се обидува да ја спречи со влечење на предметот или подигнување на гласот кон него. И во двата случаи кучето ги тестира границите за да види до каде може да оди. Комуникацијата на сопственикот со кучето е од витално значење за да ја пренесе пораката на кучето дека таа игра не е добредојдена.
Обесхрабрување на играта со гризење преку изолација
За да му ставите јасно на знаење дека не сакате да учествувате во играта, секогаш кога Вашето куче ја започнува играта со гризење, фатете го за огрлицата и изолирајте го во друга соба. Кога тоа ќе го сторите немојте да му зборувате ниту да го погледнувате. Идејата е да го употребите Вашиот телесен говор за да јасно ја пренесете пораката дека ваквото однесување нема да биде толерирано.Кога кучето е во изолација неговата состојба ќе се смири и ќе добие можност да размисли за последиците на своите постапки.Кога кучето ќе се смири ќе му дозволите да излезе и да се врати на своето вообичаено место. Доколку кучето ви пријде и се обиде повторно да ја игра играта на гризење, повторно ќе ја примените истата метода.
Вие ја воспоставувате играта и ги одредувате правилата
Кога еднаш кучето ќе се смири и ќе Ве остави на мира дури тогаш ќе може да го учите на некои посакувани однесувања со тоа што ќе го повикате кај вас и ќе му покажете што е дозволено, како на пример гушкање или некоја полесна игра.Ако тоа повторно стане превозбудено и почне да гризе повторете ја постапката се додека не сфати дека неговото однесување е неприфатливо.Во ова сценарио со изолација секогаш кога кучето ќе гризне, некои мора да попушти но не дозволувајте тоа да бидете вие. Има тешки случаи каде што изолацијата на кучето може да се повотори и 40 пати во текот на еден ден, иако на крај пораката е сепак сфатена. Тоа може да биде и златен ретривер така што расата не игра улога кај овој проблем. Овде повеќе се работи за акција и Ваша реакција – а Вашата реакција треба секогаш да биде смирена, убедлива и доследна без да се откажете.
Ако Вашето куче има било какви бихевиорални проблеми обратете се кај нас.