by Стефан Фотев | Апр 9, 2018 | Блог
Без разлика каде живеете, сигурно сте имале ситуација кога сте излегле надвор да слушнете како некое куче завива. Зашто кучињата завиваат?
Истражувањата укажуваат дека завивањето на кучињата е врзано за нивната генетика и носи трага од волците… Еве неколку причини зошто кучињата завиваат:
1.Завивањето на кучето може да биде израз на повреда.
Луѓето плачат кога ќе се повредат, а кучињата завиваат во слични ситуации.
2.Кучето што завива може да има потреба од внимание.
Некои сопственици на кучиња знаат дека кучињата можат да бидат емотивно манипулативни како и секој човек. Завивањето на кучето го привлекува вниманието на неговиот сопственик. Можеби ќе се свртиш низ куќата за да видиш што е погрешно, само за да се најдеш поздравен од куче кое сака да си игра. Доколку му обратите внимание, кучето ќе научи дека завивањето е ефикасен начин да го одведете да трча.
Се разбира, постојат две страни на овој случај. Ако вашето куче знае дека ќе заминете подолго време, тој може да завива како израз на вознемиреност. Кучињата кои немаат играчки или доволно работи за да ги забавуваат во ваше отсуство, стануваат тажни, осамени и депресивни. Завивањето може да биде во знак на протест поради тоа што е оставен сам. Замислете ако некој ве стави во една просторија цел ден.
3.Кучињата може да завиваат за алармирање и одбранбен механизам
Кучињата може да завиваат за сигнализирање дека територијата им е окупирана од некого, со тоа што ја предупредуваат својата заедница за закана од насилство и променливи околности. Во домашна средина, како што е Вашиот дом, кучињата можат да извикуваат поради истата причина. Некои кучиња лаат, а други извикуваат кога странецот доаѓа до вратата или некој нов автомобил се доближува до околината.
by Стефан Фотев | Апр 4, 2018 | Блог
Тренингот за тоалет треба да започне уште првиот ден кога кученцето ќе пристигне во Вашиот дом. На почеток е навистина потребно да не го тргате погледот од него за да ги забележите знаците кога на кученцето му се оди во тоалет. Најчесто кученцето има потреба да оди во тоалет по будење или по јадење и пиење вода. Вие ќе треба да го придружувате надвор така што кученцето ќе направи асоцијација на одење во тоалет со одење надвор.
Како да го научите
Ваша задача е да се сетите и на други моменти кога на Вашето куче му се одело во тоалет во минатото, како однесување покажува со тоа што ќе ги препознаете овие знаци вие може да предвидите кога Вашето куче ќе има потреба да оди во тоалет и да го одведете надвор. Бидете трпеливи бидејќи за ова треба време. Кога ќе видите дека Вашето куче се упатува кон надвор наградете го со пофалба “браво” или наградете го со грицки. На овој начин тоа брзо ќе сфати дека за одењето во толает надвор ќе добие позитивен третман. Кучињата сакаат да не задоволат а наше е да им покажеме како точно да го сторат тоа.
Наоѓање решенија
Ако живеете во стан и не можете секогаш да излегувате надвор најдете дел во станот каде што ќе ставите весници или апсорбирачки крпи. Бидете спремни да ги менувате ако е потребно и повеќе пати. Ако Вашето кученце згреши и тоа го направи внатре во станот или на пат кон надвор, исчистете по него без да кажете ниту збор. Кученцето е сеуште мало и ќе прави грешки како и малите деца и негативниот тренинг во оваа рана фаза не е продуктивен.
Ова се само некои од повеќето од методите како да го научите Вашето куче за во тоалет кои што ние ги нудиме.
by Стефан Фотев | Апр 4, 2018 | Блог
Кога ново куче влегува во Вашиот дом многу чест бихевиорален проблем кој се јавува е да си игра преку гризење. Кучињата кои што вака си играат можат да повредат луѓе – за малите кученца знаеме дека имаат остри заби како иглички додека пак големите кучиња кои играат на ваков начин не само што можат да ги исплашат сопствениците туку и да ги повредат.Кучето кое што игра преку гризење сака да воспостави игра но често сопственикот се обидува да ја спречи со влечење на предметот или подигнување на гласот кон него. И во двата случаи кучето ги тестира границите за да види до каде може да оди. Комуникацијата на сопственикот со кучето е од витално значење за да ја пренесе пораката на кучето дека таа игра не е добредојдена.
Обесхрабрување на играта со гризење преку изолација
За да му ставите јасно на знаење дека не сакате да учествувате во играта, секогаш кога Вашето куче ја започнува играта со гризење, фатете го за огрлицата и изолирајте го во друга соба. Кога тоа ќе го сторите немојте да му зборувате ниту да го погледнувате. Идејата е да го употребите Вашиот телесен говор за да јасно ја пренесете пораката дека ваквото однесување нема да биде толерирано.Кога кучето е во изолација неговата состојба ќе се смири и ќе добие можност да размисли за последиците на своите постапки.Кога кучето ќе се смири ќе му дозволите да излезе и да се врати на своето вообичаено место. Доколку кучето ви пријде и се обиде повторно да ја игра играта на гризење, повторно ќе ја примените истата метода.
Вие ја воспоставувате играта и ги одредувате правилата
Кога еднаш кучето ќе се смири и ќе Ве остави на мира дури тогаш ќе може да го учите на некои посакувани однесувања со тоа што ќе го повикате кај вас и ќе му покажете што е дозволено, како на пример гушкање или некоја полесна игра.Ако тоа повторно стане превозбудено и почне да гризе повторете ја постапката се додека не сфати дека неговото однесување е неприфатливо.Во ова сценарио со изолација секогаш кога кучето ќе гризне, некои мора да попушти но не дозволувајте тоа да бидете вие. Има тешки случаи каде што изолацијата на кучето може да се повотори и 40 пати во текот на еден ден, иако на крај пораката е сепак сфатена. Тоа може да биде и златен ретривер така што расата не игра улога кај овој проблем. Овде повеќе се работи за акција и Ваша реакција – а Вашата реакција треба секогаш да биде смирена, убедлива и доследна без да се откажете.
Ако Вашето куче има било какви бихевиорални проблеми обратете се кај нас.