КУРС ЗА МЛАДИ КУЧЕНЦА

Обезбедете му на Вашето кученце најдобра едукација за да го достигне неговиот целосен потенцијал.

Развојот на Вашето кученце е прва и најважна фаза која ќе Ви обезбеди  хармоничен живот со Вашето куче. Програмата за развој на мали кученца Ви ги нуди најкорисните искуства кои што ќе го оформат карактерот на Вашето возрасно куче. Најважното нешто кое е забележано при работа со професионалните кучиња е дека треба да започнете  да ги обликувате новите вештини и однесување  што е можно порано.

Контактот на Вашето кученце со други кучиња , основната комуникација,  луѓето и околината се од круцијално значење за нивниот понатамошен развоен процес. Одгледајте послушно куче, со убави манири и изградете цврста и здрава врска со Вашето ново кученце во текот на секој од најважните суштествени развојни периоди.

Овој курс ви нуди:

  • основна комуникација
  • поставување на граници
  • развивање на самодоверба во различни ситуации
  • желба да соработуваат со Вас
  • социјализација

Ако процедурата за подучување на Вашето куче започне на соодветен и пријатен начин, вашата идна комуникација  и соживот ќе бидат многу полесни. Успехот на овој курс го гарантира најдобриот  “feedback” на Вашето куче кон било какви понатамошни тренинг програми.  Нашиот пристап е “dog-friendly” , нежен, забавен, базиран на наградување и наменет да биде секојдневно совладуван од целото семејство, вклучувајќи ги и малите дечиња.

* Во оваа програма се вклучени кучињата на возраст од 8-16 недели.