ОСНОВЕН КУРС
Наша цел е да помогнеме да имате здрава и пријателска релација со Вашето куче.
Нашата тренинг програма за основна послушност е наменета да Ви овозможи солидна основа за основните животни вештини и да го подобри Вашето сфаќање за модерен, научно заснован пристап во комуникацијата и подучувањето на Вашето куче. Освен што го обучуваме Вашето куче на неколку вештини корисни за животот во град, овој курс ќе Ви помогне да добиете ефикасно, посакувано однесување од страна на Вашето куче, а едновремено да го намалите неговото неприфатливо однесување во друштво на други кучиња и било каде надвор во реалниот свет. “Dog Talk” навлегува длабоко во сржта на послушноста на Вашето куче. Основниот курс е наменет за секое куче од било која раса, големина, пол или возраст и нуди здрава основа за послушност и однесување на кучето во човечка околина.
Овој курс Ви ги нуди следниве команди:
- дојди
- седи
- лежи
- место
- фуј
- стој
- “frei” (слободен)
- внимание
- поред (правилно движење со поводник – да не влече)
- “да” и “не“
Ние се обидуваме да изградиме цврста и безбедна основа со тоа што Вашето куче ќе ја прифати основната послушност во неговата секојдневна рутина. Во нашиот основен курс Вашето кучето учи да ги користи научените вештини за да добие позитивен стимул (пр. Храна, игра, галење итн.), а едновремено да биде максимално послушен кон неговиот сопственик. Во текот на тренингот кучето учи да одговара на нашите команди додека едновремено е изложен на благо одвлекување на вниманието (други кучиња, движење помеѓу коли, бучава и сл.).
Нашиот пристап е “dog-friendly” , нежен, забавен, базиран на наградување и наменет да биде секојдневно совладуван од целото семејство, вклучувајќи ги и малите дечиња.
- Се препорачува кучињата да минуваат обука на возраст од 6 до 12 месеци