ПРОМЕНИ ВО ОДНЕСУВАЊЕ

Постигнете одлична релација со Вашето куче и научете како да ги избегнете непосакуваните однесувања.

Постојат различни дефиниции за поимот  “однесување”. Една од нив “однесувањeто” го определува како начин на кој човекот (или кучето во нашиов случај) одбива да реагира на специфична стимулација или ситуација. Однесувањто каде кучето покажува ментална нестабилност, стрес, фобии се дефинира како проблематично и тука нашата програма се обидува да најде решение.

Техниките кои се користат во пристапот и решавањто на секој проблем се бираат во зависност од секој индивидуален случај, водејќи сметка пред се за психосоматското здравје на кучето и второ, за потребите на сопственикот. Некои вообичаени примери за проблематично однесување се:

  • неиспровоцирана агресија
  • копрофагија (јадење  фекалии)
  • анксиозност поради разделба
  • константно лаење
  • скокање на луѓе
  • игнорирање команда
  • хиперактивност
  • бегање од домот и сопственикот
  • деструктивно однесување и др…

Dog Talk постигнува високо ниво на успех во справување со вакво однесување и можеме да помогнеме на многу сопственици да ја совладаат стресната дневна рутина  и да постигнат избалансиран и среќен живот со нивното куче. Ако сметате дека оваа програма ви одговара вам и на вашето куче, слободно контактирајте не да извршиме бесплатна евалуација на вашето куче.