Трикови
Започнете во вистински правец со забава и позитивен тренинг третман.
Повеќето луѓе под дресура на кучиња мислат на основна послушност и основните команди – седи, лежи, дојди итн. Покрај основната послушност како најважен тренинг за Вашето куче, не ги потценувајте и бенефитите од тренингот за трикови.
Триковите помагаат во градењето самодоверба на едно куче и даваат позитивен стимул на енергичните кучиња. Енергијата на Вашето куче мора да се потроши посекако, па зошто тоа да не биде за нешто конструктивно и забавно?
Најважно помагаат да ја зајакнете взаемната релација со Вашето куче.
Нашиот тренинг за трикови е позитивен, без присила и казна, со наградување и користење на “кликер метод”. Ние имаме долга листа на трикови за кучиња која што ја нудиме, но и доколку сте заинтересирани за некој посебен трик тука сме да Ви помогнеме. Тренинг сесиите за трикови се кратки и забавни.