ТЕРАПИЈА СО КУЧЕ
Терапевтското куче помага во здраствено – физичка, и психичка рехабилитација на луѓетo
Нашето, сосем случајно искуство во работата со едно аутистично дете и наше истренирано и послушно куче, не натера да истражиме повеќе за оваа релација куче и деца со бихевиорални проблеми, социјализација, интровертност, хиперактивно пореметување (ADHD), проблеми во однесување (CD), аутизам и слично. Светските искуства покажуваат дека во многу центри за аутистични деца, деца со бихевиорални проблеми, старечки домови, центри за рехабилитација, болници, психијатрии, и други институции, една од методите и терапиите кои се применуваат е токму оваа- работа и дружење со истренирано куче, секогаш во безбедни услови, т.е со човек од нашиот тим.
Како изгледа и кои се бенефитите од оваа терапија?
Дружењето со куче ја подобрува од една страна физичката активност, координација, фокусот и физичкото зајакнување на децата со бихевиорални проблеми, а од друга страна, знае да има смирувачки ефект врз детето, да ги проретчи неговите емоционални изблици, да го поддучи на одговорност, да влијае позитивно на глобалната социјализација, едновремено добивајќи најдобар другар и безусловна љубов од него. Не случајно две третини од семејствата со аутостично дете, според некои светски податоци, имаат домашно милениче, најчесто куче. Нашиот тим врши обука на терапевтски кучиња, но со оглед на тоа дека не сите семејства имаат можност да чуваат куче, посебно истренирано, или пак не знаат како нивното дете ќе го прифати, за да воопшто се решат да чуваат, ние ја нудиме токму таа можност – дружба со наше истренирано куче, во присуство на човек од нашиот тим. Нашите кучиња сакаат контакт со човек и немаат јазична бариера.
Што претставува терапија со куче?
Терапевтското куче е пријател на сите, тоа е високо обучено, смирено, добро воспитано и послушно, кое помага во здраствено – физичка, и психичка рехабилитација. Истотака тоа е, трпеливо и полно со љубов за да обезбеди одлична придружба. Ако сте во потрага по емоционална и физичка поддршка, Вие сте на вистинското место. Терапевтското куче може да помогне секому без разлика на возраста. Нашата теренска програма е прилагодена на Вашите потреби.
Медицинската наука покажува дека интеракција со терапевтско куче:
- го поттикнува физичкото лекување
- ја намалува анксиозноста и осаменоста
- го намалува заморот и депресијата
- обезбедува емоционална поддршка
- социјална интеракција
- дава радост и задоволство
- го одвлекува вниманието на луѓето од лични проблеми, телесни болки и грижи
- го намалува стресното ниво и крвен притисок
- го враќа чувството за потреба, капацитетот за сакање, грижа и нега
- иницира контакт на игра и споделување
- поттикнува невербална комуникација
Како може да помогне терапевтското куче?
Програмата терапија со куче е дизајнирана да помогне на децата и возрасните заболени од:
- аутизам
- даунов синдром
- деменција
- физичка повреда или попреченост
- когнитивна загуба
- потешкотии со говор или слух
- тежок емоционален период
- различни ментални нарушувања