За Нас
Како сопственици и вљубеници во кучиња, а потоа и практично и теориски обучени тренери, оддамна ја пратиме светската литература, портали, кинолошки друштва и пред се состојбата со домашните миленичиња во светски рамки. Забележавме дека секаде во западно европските земји е вообичаена праксата кучињата да минуваат тренинг школи за добро однесување, основна послушност, и сл. Набљудувајќи ги кучињата како и нивните сопственици на прошетки во нашиот град Скопје, забележавме дека е видливо отсуството на таквата пракса во Македонија, што највеќе ја забележавме во начинот на движење на поводник, послушноста кон сопственикот, во социјализацијата со други кучиња итн. Едноставно убавите манири и основното елементарно воспитување често недостасува, што го отежнува соживотот на сопственикот со неговото куче, а честопати и пречат на околината , а понекогаш се дури и опасни.
Оттаму мотивацијата за основање на “Dog Talk” !